Легендарниот германски тенисер Борис Бекер минатата недела влезе во затвор да ја одлежи казната која ја доби поради затајување на имот и други вредни работи. Се работи за две и пол годишна затворска казна, која ќе ја лежи во озогласениот затвор „Вандсворт“, кој се наоѓа во близина на Вимблдон.
Бројни медиуми денеска пренесуваат дека е можно Бекер од затвор да биде специјален коментатор на „Еуроспорт“ за мечевите од гренслем-турнирот во Париз, популарниот Ролан Гарос. Се најавува дека Бекер ќе добие специјално студио во затворот и оттаму ќе има свое шоу на најпознатиот тениски турнир кој се игра на земјена подлога.
„Менаџментот на Еуроспорт моментално ја размислува можноста околу тоа во затворот во кој е Бекер да биде поставено студио за пренос на телевизија“, се вели во најавата околу евентуалното повторно враќање на Бекер на ТВ екраните.