Црвена ѕвезда сака летово во своите редови да го привлече капитенот на руската репрезентација, Артем Ѕјуба.
Одличниот напаѓач на Зенит, никогаш не играл во странски клуб, а сега сака да си замине од клуб кој нема право да се натпреварува во евро-куповите, и може да прејде во српскиот тим кој посакува повторно да се најде во групната фаза од Лигата на шампионите.
Еден од главните спонзори на Ѕвезда е гигантот „Газпром“, компанија која е спонзор и на сегашниот клуб на Ѕјуба, Зенит.