Италијанскиот првак Јувентус со трансфер ќе ја започне 2019 година. Според најавите, треба само да започне зимскиот преоден рок (1 јануари), за да може и официјално да го доведе Арон Рамзи во Торино.
Најтрофејниот италијански клуб и играчот на Арсенал веќе подолго време преговараа, а откако стана јасно дека „топчиите“ нема да му го продолжат договорот кој истекува на крајот од оваа сезона, трансферот на Велшанецот е неминовен.
Доколку Арсенал не се одлучеше да го продаде Рамзи во јануари, тогаш, во јуни играчот ќе можеше без никаков надомест да си оди од лондонскиот премиерлигаш.