Ријоју Кобајаши е многу блиску до титулата на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, откако денеска ја забележа втората победа, овојпат во Гармишпартенкирхен и повторно пред Германецот Маркус Ајзенбихлер.
Кобајаши леташе до 133 метри и до 136,5 метри со што го освои првото место, исто како и на првата скокалница од турнеата, во Оберсдорф.
Најдолгиот скок го имаше Германецот Ајзенбихлер со должина од 138 метри, и вториот скок му беше подолг од тој на Кобајаши, но Јапонецот доби повеќе бодови за подобра техника при изведување на скоковите.
Третото место го освои давид Кубацки од Полска со скокови од 133,5 и 133 метри.
По две скокалници Кобајаши е лидер пред Ајзенбихлер и Крафт. Следна на ред е скокалницата во Инсбрук на четврти јануари, а традиционално турнејата завршува во Бишофсхофен на шести јануари.