Голден Стејт ворирорс поведоа со 2:1 во серијата против Мемфис гризлис откако пред своите навивачи славеа со 142:112.
Стеф Кари со 30, Џордан Пул (27) и Клеј Томпсон (21) беа предводниците на „воините“ во убедливата победа, додека Џа Морант (34 поени) едноставно не можеше сам да им се спротистави, а воедно мораше и средбата предвреме да ја напушти поради повреда.
Далеку понеизвесно беше на средбата меѓу Милвоки бакс и Бостон селтикс каде што актуелниот првак славеше со 103:101, додека гостите постигнаа кош за продолжение, но само неколку стотинки откако времето заврши.
Сепак, вреди да се напомене новата „ѕверска“ партија на Јанис Адетокумбо кој што постигна 42 поени и 12 скокови, додека првата ѕвезда на Селтикси, Џејсон Татум имаше навистина лош меч со само 10 поени, но и четири погодени шутеви од 19 обиди.
Милвоки исто така има предност од 2:1, а четврттите натпревари од овие полуфинални средби во Западната и Источната конференција ќе се играат на 10 мај.