Љоренте се повреди, му го препушта местото на Касемиро

Маркос Љоренте ги повреди препоните и нема да може да игра две до три недели. Ова е лошата новогодишна вест за Реал Мадрид кој во јануари има згуснат распоред на натпревари.

Љоренте би требало сигурно да пропушти три меча од првенството и два од купот. Првиот меч во 2019 година, Реал го игра в четврток  на гости против Вилјареал (заостанат меч, поради настапот на европскиот првак на Светско клупско првенство), а потоа повторно игра во недела дома со Реал Сосиедад. Потоа среде недела ќе има дуели со Леганес од Купот.

Ова значи дека на позицијата дефанзивец во средниот ред, на наредните пет, а можеби и повеќе средби, ќе игра Бразилецот Касемиро, кој после паузата се врати на теренот. Љоренте беше во одлична форма, и ќе конкурираше за стартно место против Вилјареал, но вака тој местото му го препушта на Касемиро, кој можеби ќе мора да игра и на двете куп-пресметки. Љоренте најбрзо би можел да заигра на 19 јануари против Севилја.

Кај Реал, покрај Љоренте, повредени се и Марко Асенсио и Маријано Дијас.

- Оглас -

Најнови вести