Англичаните се сигурни: Ерлинг Халанд му кажа ДА на Манчестер сити!

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Браут Халанд одлучи својата кариера да ја продолжи во Манчестер сити, а договорот официјално треба да биде објавен деновиве.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд имаше понуда и од Реал Мадрид, но сепак се сели во Англија, и тоа во клубот во кој од 2000 до 2003 играше и неговиот татко Алфе Инге Халанд.

Информациите од Англија се дека Сити до крајот на неделава ќе ја плати отштетата за Халанд, а норвешката гол-машина се согласил со годишна нето-плата од 25 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести