Поранешниот Формула 1 пилот, Британецот Мартин Брандл, сега работи како новинар на „Скај спортс“ кој ги следи Ф1 трките, а вчера во Мајами направи огромна грешка, кога помеша еден прилично непознат кошаркар со НФЛ-ѕвездата Патрик Махомс.
Брандл си направи муабет со човекот за кого мислеше дека е Махомс и прво се чудел зошто го игнорирал кога по него викал „Патрик, Патрик“. Откако му кажаа дека не е тој, Брандл си праша: „Како се викаш сине?“.
Одговорот беше Паоло Банкеро. Банкеро е крилен центар на Универзитетот Дјук и од наредната година веројатно ќе заигра во НБА. Збунетиот Брандл му се извини на кошаркарот и му призна дека мислел дека е некој друг.
https://twitter.com/i/status/1523379590638362625