Нова трагедија во фудбалот: Почина ексиграч на Ајакс кој со Лудогорец освои четири титули

Џоди Лукоки, неодамнешниот фудбалер на Твенте, почина само на 29 години. „Син ветер“ беше прекарот на фудбалерот кој починал под засега неразјаснети околности.

Лукоки е роден во ДР Конго, а како дете емигрирал во Холандија. Првите фудбалски чекори ги има во славната школа на Ајакс. Во дресот на холандскиот гигант помина четири години, а потоа има играно и за Камбур, Цволе, Малатијаспор, како и бугарскиот Лудогорец, со којшто освои четири титули во бугарското првенство.

Последниот договор му беше со Твенте, но пред три месеци доби отказ поради физички напад на девојката.

- Оглас -

Најнови вести