Навистина ретко видена ситуација се случи во мечот меѓу ФСВ Франкфурт и СВ Елвесберг во четвртата германска лига.
На двете екипи им одговараше резултат од 1:1, а конечниот исход беше токму тој. Кога се стигна до целта, двете екипи едноставно стоеа на центарот на теренот.
„Тие не сакаа да нападнат, а и ние не сакавме да им ја земеме топката. Тоа е разбирливо и многу тимови би го сториле тоа“, изјави Томас Брендел, спортски директор на ФСВ.
Со овој резултат, Елвесберг ја обезбеди титулата и влезе во третата лига на Германија, додека тимот од Франкфурт си обезбеди опстанок.