Новата 2019 година за еден играч во спортските обложувалници на Sport Life во Охрид започна на најдобар можен начин. Веќе традиционално, на првиот ден од годината играат Англичаните. Типстерот кој уплатил во Охрид, направил тикет со 10 меча, а вложил само 25 денари. На крајот, тој тикет испаднал добитен, и тоа на сума од 462.228 денари.
Погоден конечен тип и број на голови се најчестите игри кои ги користел овој среќен типувач за добивка од дури 7.500 евра. Екипата на Јорк даде по два гола во двете полувремиња за победа од 4-0 против Дарлингтон, за 4+. Таа игра е добитна и за мечевите Бат сити – Чипенхам (5-0), Гленторан – Дунганон (2-4), Колерајн – Клифтонвил (4-1), Глучестер сити – Вестон (1-3) и Спенмур – Блут (2-2).
На Викомб, Ковентри даде по еден гол во двете полувремиња во победата од 2-0 кај Викомб, доволно за да има барем еден или два погодоци во двете полувремиња. Таа игра, 1-2 прво полувреме и 1-2 второ полувреме, е добитна и на мечевите Свиндон – Ексетер 0-2 (0-1) и Брадфорд – Акрингтон 3:0 (2-0). На средбата Портсмут – Вимблдон одиграл 1&3+, а домаќините славеа со 2-1.
Едноставно, Новата година на овој типстер од Охрид му започна на најдобар можен начин.