Челзи го купи Пулишиќ за 64 милиони евра

Кристијан Пулишиќ е нов играч на Челзи, лондонскиот клуб плати 64 милиони евра оштета и дозволи одличниот фудбалер да остане во Борусија Дортмунд до крајот на сезоната.

„Кристијан сакаше да игра во Премиер лигата и моравме да го направиме овој чекор. Не успеавме да се договориме со него да го продолжи договорот со нас, но барем ќе го имаме до крајот на сезоната и ќе ни помогне во обидот да ја освоиме титулата“, изјави Михаел Цорк, директорот на Борусија.

Пулишиќ е репрезентативец на САД, а игра одлично за Борусија веќе подолг период, иако има само 20 години. Има над 100 настапи за популарните „милионери“ и со добрите настапи го сврте вниманието на многу клубови во Европа.

Челзи беше најконкретен и за сума од 64 милиони евра успеа да ги престигне конкурентите и да го обезбеди потписот на Пулишиќ.

- Оглас -

Најнови вести