Сопругата на Шумахер реши да проговори за состојбата на легендарниот возач

По цели пет години од несреќата на Михаел Шумахер, проговори неговата сопруга Корина. Седумкратниот светски првак доживеа тежок пад за време на скијање во Франција и од тој ден досега речиси никој ништо не знае за неговата состојба. Шумахер утре ќе наполни 50 години, а неговата жена реши да се заблагодари на сите кои досега се грижат за здравјето на Михаел, но и на сите оние кои даваат поддршка.

„Од срце би сакала да ви се заблагодарам на сите вие кои ќе го славите 50-тиот роденден на Михаел. Можете да бидете сигурни дека тој е во добри раце и правиме сè што можеме за да му помогнеме. Ве молам да разберете дека ние ја почитуваме желбата на Михаел и затоа не сакаме да зборуваме за неговата здравствена состојба во јавност. Ви благодариме на многуте писма и пораки кои ги имате испратено по повод Новата 2019 година“, рече Корина.

По повод јубилејниот 50-ти роденден на Шумахер, во Келн ќе има изложба посветена на најтрофејниот возач на Формула 1 на сите времиња. Популарниот Шуми закрепнува на својот имот во близина на Женевското езеро во Швајцарија.

 

- Оглас -

Најнови вести