Лука Дончиќ го водеше Далас маверикс до победа од 113:86 над Феникс санс и со тоа обезбедиja седми меч во полуфиналето на Западната конференција.
Словенечкиот кошаркар уфрли 33 поени и имаше 11 скокови, а интересно е тоа што секогаш кога Лука се соочувал со елиминација, тој бил најефикасен и најдобар, а во просек има по 39 поени, со што е убедливо на врвот пред Алекс Гроза и Леброн Џејмс, коишто имаат по 33,5 поени во просек.
Одлучувачката, седма средба се игра за два дена, а домаќин ќе биде екипата на Феникс.
Мајами се пласира во конференциското финале на Истокот окако и по четврти пат од шест одиграни средби ја совлада Филаделфија 76-ерс, овојпат на гостински терен со 90:99.
Џими Батлер беше најефикасен кај гостите со 20 поени, додека недоволни беа 32-та поена на Џоел Ембид. Мајами го чека подобриот од средбата меѓу Бостон селтикс и Милвоки бакс, каде што по пет одиграни натпревари, Селтикси имаат водство од 3:2.
Luka Doncic has averaged 39.0 points when facing elimination in his career, the highest scoring average in those situations in NBA history (min. 3 games). pic.twitter.com/TeS32DTT9w
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) May 13, 2022