Милан повеќе од еден деценија чека да се израдува на шампионска титула во Серија А, а сега има одлична шанса за тоа. На две кола до крајот, Росонерите се лидер во првенството со 80 бодови, два повеќе од градскиот ривал и единствен конкурент Интер.
До крајот на првенството Милан игра дома против Аталанта и на гости кај Сасуоло, додека Интер ќе гостува кај Калјари, а во последното коло на свој терен ја пречекува Сампдорија. Скудетото ќе дојде на стадионот во Милано, но прашање е дали во црвено-црниот или сино-црниот дел.
Навивачите на Милан со нетрпение го чекаат дуелот против Аталанта в недела и речиси и да нема фан на Росонерите кој не сака да е на стадион тогаш.
Дури 200.000 барања за влезници пристигнале во Милан, а „Сан Сиро“ е со капацитет од 80.018 седишта. Тоа значи дека два и пол пати има поголем интерес за влезница, од што е капацитетот на стадионот.