Екипата на Вардар 1961 без поголеми проблеми го совлада Еурофарм Пелистер 2 со рутински 28-24 во првото полуфинале во Купот на Македонија.
Дибиров со 10 и Талески со 9 гола, беа најефикасни кај Црвено-црните кои по 21. пат се во финале на Купот.
Завршницата се игра во „Јасмин“ во Кавадарци, а вардарци и во финалето исто како денеска во полуфиналето, најверојатно пак ќе играат против битолчани, но оној првиот тим на Пелистер.
Вардарци за својата 15-та куп титула, в недела вечер ќе се бори со Еурофарм Пелистер или Бутел, тимови кои вечерва од 20 часот ќе го играат второто полуфинале.