Вилјареал ќе прави шпалир во чест на светскиот клупски првак

Од Вилјареал потврдија дека пред почетокот на утрешниот натпревар со Реал Мадрид, фудбалерите во жолти дресови ќе застанат во кордон од двете страни и со аплаузи ќе го поздрават светскиот клупски шампион. Шпалирот на „жолтата подмирница“ ќе се случи кога фудбалерите на Реал ќе излегуваат на терен.

Традиција е тим кој освоил некое официјално натпреварување, на првиот нареден меч противникот да му направи чест и да му честита за освоениот трофеј.

Но, во декември 2017 година Барселона одби да го направи ова кога му гостуваше на Реал, кој само што стана светски првак. Оправдувањето на Каталонците беше дека одбиваат бидејќи не играле во тоа натпреварување, па затоа не сакаат да направат „тунел“ за ривалот.

И Вилјареал не играше на Светското клупско, но ќе направат чест за тимот кој неодамна ја освои титулата на ФИФА. Во минатата сезона на Вилјареал му се погоди прв да игра против Барселона откако Каталонците ја обезбедија титулата во Шпанија, а и тогаш коректно направија шпалир.

- Оглас -

Најнови вести