Половина живот го помина во еден клуб, но реши „љубовта“ да ја остави поради многу пари и сега три дена плаче (Видео)

Лоренцо Инсиње целата досегашна кариера ја помина во Наполи, клубот каде што е уште како дете. Инсиње во школата на Наполи дојде кога имал само 15 години, а потоа со само 19 години дебитираше и за првиот тим.

Кратко време играше на позајмици во Кавесе, Фоџа и Пескара, но од 2012 година веќе е незаменлив во Наполи. Одигра 432 меча во кои постигна 121 погодок, а утре за последен пат ќе игра на стадионот „Диего Армандо Марадона“ како фудбалер на Наполи.

Џенова е ривалот на Наполи, а Инсиње се сретна со најверните навивачи на Наполи и им откри колку му е тешко што си заминува. Инсиње во новата сезона ќе го носи дресот на Торонто во Канада, каде годишно ќе заработува по осум милиони евра, што е двојно повеќе од тоа што го добиваше во Наполи.

https://twitter.com/i/status/1525174789580673028

„Тука сум за да ви се заблагодарам, но и да ви кажам дека Наполи секогаш ќе биде мојот дом. Кога и да можам, ќе се враќам тука. Не можам да ви кажам колку ми е тешко. Три дена плачам и секојпат кога ќе поинам покрај стадионот се наежувам. Тој беше мојот дом 10 години“, рече Инсиње на средбата со навивачите.

Како играч на Наполи, Инсиње се радуваше на два Купа на Италија и еден трофеј во Суперкупот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести