Мохамед Салах мораше предвреме да излезе од игра на денешното финале во англискиот ФА куп против неговиот поранешен клуб Челзи, и ги загрижи фановите на Ливерпул.
Египѓанецот е еден од клучните играчи на Црвените, но тимот без негова помош ќе треба да се бори за трофејот во ФА купот, а веројатно и во Премиерлигата. До финалето во Лигата на шампионите има уште точно две недели, па ако не станува збор за сериозна повреда, тој би можел да игра во Париз против Реал Мадрид.