Салах: Се разбира дека ќе играм во финалето на Лигата на шампионите!

Мохамед Салах ги израдува навивачите на Ливерпул со изјава дека ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Салах е еден од најмотивираните во редовите на Ливерпул пред финалето, а денеска се повреди и многумина се исплашија дека тој нема да може да игра да настапи на 28-ми мај во Париз.

Сепак, самиот Египќанец тврди дека повредата не е страшна. Го прашаа дали ќе игра во финалето во Париз, а тој одговори со само два збора: „Се разбира“.

- Оглас -

Најнови вести