Пелистер сака одмазда над Вардар во купот а „црвено-црните“ се надеваат на двојна круна

Ако во фудбалот Пелистер и Вардар играат очајно и наредната сезона ќе се соочат во второлигашкото друштво, во ракометот овие две екипи немаат конкуренција.

Вардар 1961 е на чекор да ја одбрани титулата во првенството откако славеше токму против Пелистер на гости, а печат на одличната сезона можат да стават денеска и тоа токму против големиот ривал.

Тие ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија кое стартува од 19:30 часот во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Интересен е податокот дека пред точно една година, Вардар со 26:24 го победи  Еурофарм Пелистер токму во големото финале, но Битолчани се надеваат дека овојпат ќе биде поинаку и дека ќе се одмаздат за болниот пораз од пред две седмици.

Во секој случај јасно е дека не очекува уште еден ракометен спектакл за кој што се надеваме дека ќе мине се во најдобар ред и без инциденти.

 

- Оглас -

Најнови вести