Манчестер сити првпат после десет години извлече нерешен резултат на меч на кој губел со два гола разлика по првиот дел. Граѓаните губеа со 0-2 од Вест Хем, но ремизираа 2-2, а испуштија шанса и за победа, со која ќе дојдеа на бод од титула.
Меч топката ја имаше Ријад Марез кој утна пенал во 86-та минута. Голманот Лукаш Фабиански ги задржа шансите на Ливерпул да освои титула, но Црвените мора да победат во двата преостанати мечеви (со Саутемптон и Вулверхемптон) и да чекаат Манчестер сити дома да не победи против Астон Вила.
Вест Хем се бранеше цело второ полувреме, остана седми, и треба да биде среќен што освои бод против првакот.
Лидс ремизираше дома со Брајтон и освои бод кој многу им значи во битка за опстанок, но и понатаму се во непријатна положба. Вотфорд со 15-тиот пораз дома сезонава, постави неславен рекорд во Премиерлигата, досега немало полош домаќин од нив, а денеска беа разбиени од Лестер со 1-5.