Во последното коло од Лига 1, сите екипи од Франција одлучија да настапат со со дресови кои што имаат виножито, односно со поддршка за ЛГБТ заедницата.
Сето тоа беше по повод на светскиот ден на хомофобијата, а меѓу тие тимови беше и ПСЖ.
И додека сите играчи немаа проблем да се појават на теренот со ваков дрес, Идриса Гана Геје одби да игра, и поради тоа го пропушти последниот меч против Монпеље. Иако од таборот на францускиот првак излегоа со соопштение дека тој поради повреда нема да игра, француските медиуми открија дека Гана Геје секогаш откога игра за ПСЖ го пропушта токму овој ден..
Сенегалецот за ПСЖ игра од 2019 година и има забележано 73 настапи проследени со шест погодоци.
👕 On World Day Against Homophobia, our jerseys will have the rainbow flag, symbol of peace and diversity of the LGBT movement.
#MHSCPSG pic.twitter.com/xMTu3l2cRY
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) May 14, 2022