Тренерот на Партизан обвини: Одземена ни е титулата која ја заслуживме, ова е брутална кражба

Партизан со 3:0 победи на гостувањето кај Вождовац, но тоа е мала утеха за тренерот на Црно-белите, Александар Станојевиќ. На едно коло до крајот, Партизан има 95 бодови, два помалку од вечниот ривал Црвена Ѕвезда.

Во последното коло Црвена ѕвезда дома игра против Вождовац, додека Партизан гостува во Ниш против Раднички. Според Станојевиќ, последното коло ќе биде формалност за Црвена ѕвезда да биде првак, а на Партизан едноставно му е украдена титулата.

„Како работите функционираат тука, не е реално ние да ја освоиме титулата. Во повеќе ситуации тоа не ни беше дозволено. Брутално сме украдени. Одземена ни е титулата која мислам дека ја заслуживме. Затоа сум разочаран. Веќе не се надевам, затоа што гледам во која насока оди целата ситуација“ вели разочараниот тренерот на Партизан, Станојевиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести