Лионел Меси ќе одигра уште една сезона во Пари Сен Жермен, а потоа ќе се пресели во САД, зада го облече дресот на Интер Мајами. Според најавите од повеќе медиуми, Меси веќе започнал преговори за купи 35 отсто од акции на клубот во кој би требало да заигра од јули 2023 година.
💣💣 BOMBA DE @Alex_candal 💣💣
🗣️ “Messi va a adquirir el 35% de las acciones de Inter de Miami y en el verano de 2023 se incorporará al equipo” pic.twitter.com/GtLbjtF0P5
— Futbol Total DIRECTV (@DTVTotal) May 16, 2022
Интер Мајами е клуб кој го создаде некогашниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, а шпекулациите се дека Бекам и Меси ќе станат партнери во овој американски клуб, а со доаѓањето на аргентинската супер ѕвезда, сигурно многу ќе порасне и популарноста на тимот од Мајами.