Тотален крах на Бенфика во Портимао, пораз со два автогола, циркус на Жардел и мајагери на Жонас (Видео)

Бенфика лошо ја почна Новата година, со пораз од Портимоненсе на гостински терен, а долго ќе го памети неуспехот што го доживеа на чуден начин.

Стоперите на популарните „орли“, Рубен Дијас и Жардел си постигнаа автоголови за дебакл и пораз од 0-2, а посебно лош потег беше тој на Бразилецот во 38-мата минута.

Жардел се обиде да ја избие топката со глава преку голот, но си постигна ефектен авотогол, што може уште веднаш да конкурира за најсмешните моменти во 2019 година.

https://www.youtube.com/watch?v=733m9koykHw

За да биде тотален дебакл за гигантот и поранешен европски првак, се погрижи напаѓачот Жонас во 72-рата минута. Реагираше несмасно при една нафрлена топка и во стилот на каратистите со мајагери го погоди голманот на Портимоненсе, Рикардо Фереира.

За среќа и на двајцата, Жонас за влакно не го погоди лицето на Фереира, а стартот беше страотен, па напаѓачот на гостите доби директен црвен картон.

Потегот на Жонас можете да го погледнете тука.

- Оглас -

Најнови вести