Тиквеш против Воска Спорт и Скопје во дуел со Беласица, се двата бараж дуели кои треба да одлучат за последните два учесници во Прва фудбалска лига на Македонија, за следната сезона. Паровите беа одлучени со ждрепка во ФФМ.
Двата дуели ќе се играат на 22 мај (недела) на неутрален терен. Тиквеш и Воска ќе играат во Прилеп, додека дуелот Скопје – Брегалница ќе се игра во Штип.