Ѓоковиќ ги чувствува Македонците и останатите соседи како свои

Новак Ѓоковиќ не ја криеше радоста кога Лука Модриќ ги освојуваше индивидуалните награди за најдобар фудбалер во светот за 2018 година, но и на Светското првенство во Русија, каде Хрватска играше во финалето против Франција. Многумина се чудеа како може Ноле јавно да навива за Хрватска, ако се знае дека пред само 20-тина години, Србија беше во војна со Хрватска.

„Знам каква е политичката ситуација и знам дека раните од војната се уште свежи за многу луѓе. Сепак, цврсто верувам дека спортот треба да се држи далеку од политиката. Тоа се нашите први соседи. Како Хрватска, така и Босна и Херцеговина, така и Македонија. Некако на сите нив гледам како на свои. Никогаш не сум имал различно мислење и така ќе остане“, објасни Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести