Гвардиола: Наша шанса е што Ливерпул чека на титулата 29 години

Англискиот првак Манчестер сити го пречекува лидерот во Премиер лигата, Ливерпул, во меч кој може многу да одлучи околу титулата за оваа сезона. Сити има заостанување од седум бодови и доколку си дозволи кикс на свој терен, Ливерпул ќе има двоцифрена предност, што ќе биде многу тешко да се стигне.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола вели дека има еден важен адут во нивна корист, а тоа е фактот дека Ливерпул веќе 29 години чека да се израдува на титула.

„Уште пред почетокот на сезоната многу им зборував на моите играчи дека не треба да ни се случи тоа што им се случи на Лестер и на Челзи по освојувањето на титулата. Следната година за нив беше многу тешка. Им велев дека мора тоа да го избегнеме и успеавме. Освоивме многу бодови и сме во трка за титулата. Можам да го почувствувам тоа што го чувствуваат играчите на Ливерпул. Тие цели 29 години чекаат на титулата. Тоа е голем притисок. Им реков на моите играчи дека е многу тешко да се носите со тој притисок. Затоа мора да бидеме блиску до нив и да чекаме кикс“, рече Гвардиола.

Ливерпул е единствениот тим без пораз сезонава. Во досегашните 20 меча има 17 победи и само три нерешени, од кои едното реми е токму против Сити на „Енфилд роуд“. Сити го има најдобриот напад (54 погодоци), а Ливерпул е единствен тим кој примил едноцифрен број голови (осум).

До почетокот на мечот, на фејсбук страницата на СпортМанија може да тупуваше како ќе заврши дербито, а за тоа и да добиете вредна награда.

 

- Оглас -

Најнови вести