Мајсторот за куп финалиња ќе ги предводи германските волци

Нико Ковач ќе биде нов тренер на Волфсбург, објавија германските медиуми, а се очекува само официјална потврда и промоција на хрватскиот стратег во нов клуб од Бундеслигата.

Со претходните два имаше одлични резултати и успеси, а и со Баерн и со Ајнтрахт го освојуваше пехарот во наципналниот куп на Германија.

До финале стаса и со третиот клуб што го има предводено во кариерата, но со Монако не успеа да победи во мечот за пехарот.

Со Баерн има и шампионска круна и титула во Суперкупот на Германија, па јасно е дека Волфсбург добива топ тренер.

Ковач пред клупската кариера како тренер на Баерн, Ајнтрахт и Монако беше и селектор на Хрватска.

Во Волфсбург ќе го наследи тренерот Флоријан Кохфелт кој ја заврши соработката со популарните Волци.

 

- Оглас -

Најнови вести