Францускиот ас одлучи, навивачите на Јувентус се радуваат на успешната мисија „Погбек“

Пол Погба повторно ќе игра за Јувентус, објави „Газета дело спорт“, а раководството на Старата дама успешно ја заврши мисијата наречена „Погбек“.

Камбекот на францускиот репрезентативец во Торино ќе ги чини максимум 30 милиони евра за три години, а основниот план е Погба да потпише тригодишен договор со годишна плата од 7.5 милиони евра, плус бонуси, што можат да ја зголемат сумата и на 10 милиони евра по сезона.

„Срцето секогаш победува“ е најавата на Газета за трансферот на Погба од Манчестер јунајтед во Јувентус како слободен агент.

Интересно е што Пол претходно веќе ги имаше прифатено условите и понудата на Манчестер сити, но од страв какоќе реагираат навивачите на Манчестер јунајтед се пишмани и трансферот пропадна.

Погба играше за Јувентус од 2012 до 2016 година, а дојде бесплатно од Манчестер јунајтед со проценка дека е недоволно талентиран да играз а Црвените ѓаволи.

Откако блескаше во Јувентус и освојуваше титули и играше одлично, Манчестер јунајтед си ја призна грешката и го врати назад, но за сума од 105 милиони евра што му ги плати на најтрофејниот италијански шампион.

Сега по вторпат од Манчестер јунајтед заминува во Јувентус и повторно без отштета, а челниците на Старата дама инавивачите очекуваат повторно да го имаат во своите редови Погба од пред десеттина години.

 

- Оглас -

Најнови вести