Манчестер ј. подготвил 200 милиони фунти за тројца играчи

Манчестер јунајтед е во одлична серија од четири победи по ред во Премиер лигата. Со таквите резултати, повторно се врати надежта дека тимот може да стигне до позиција која води во Лигата на шампионите. Моментно „црвените ѓаволи“ се на шестото место и имаат шест бода помалку од Челзи, кој е на четвртото место.

Главна причина за добрите резултати, секако, е доведувањето на Оле Гунар Солскјер за нов тренер на местото на Жозе Мурињо. Со норвешкиот стратег на чело, Манчестер реди само победи, и тоа со гол-разлика од 14 дадени и само три примени гола.

Токму затоа, челниците на клубот се подготвени да донесат засилувања во јануарскиот преоден рок. Се шпекулира дека ќе бидат одвоени 210 милиони евра за тројца нови играчи. Први на листата на желби се Кулибали од Наполи, Алдервејрелд од Тотенхем и Матајас де Лихт од Ајакс. Сите тројца играат како дефанзивци, делот од играта кој сезонава се покажа како најслаба точка во редовите на најтрофејниот англиски клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести