Бразилецот Филипе Кутињо помина шест сезони во Ливерпул, но не успеа да освои ниту еден трофеј, што е еден доста неуспешен период за фудбалерот, кој освојуваше трофеи со Интер, Барселона и Баерн Минхен.
Кутињо сега е во Астон вила клуб кој во последното коло од Премиер лигата гостува на Манчестер сити. Граѓаните со победа ќе бидат сигурни шампиони, додека доколку Сити киксира, шанса за титула ќе има Ливерпул. Иако Кутињо долго време беше во Ливерпул, вели дека не се фокусира на тоа што му е потребно на неговиот поранешен клуб, но ќе даде се од себе за Астон вила да стигне до позитивен резултат на теренот на Сити.
„Единствено што сакам е да ја завршиме сезоната што е можно повисоко на табелата. Играме против сјаен противник, но ние секогаш сакаме да бидеме подобри од тоа што сме биле претходниот дуел и сакаме добро да ја завршиме сезоната. Мојот нов клуб е единствено нешто за кое ми е важно. Добив многу пораки од навивачи на Ливерпул на социјалните мрежи, но не ги ни читам. Мојот фокус е на мечот кој го чекам“, рече Кутињо.