Тренерот на Новак Ѓоковиќ и тениска легенда, Горан Иванишевиќ, имаше интересна епизода на Ролан Гарос, каде се надева на титула на големиот фаворит од Србија.
Хрватот и излегол во пресрет на Романката, Сорана Кирстеа, која побарала помош од него.
„Пред два дена на тренинг го забележав Горан на трибините и го замолив за помош. Тој е легенда на светскиот тенис и прекрасен човек. Остана со мене еден час и ми помогна со совети како да ја подобрам играта пред стартот на Ролан Гарос. Знам дека има многу работа со Новак Ѓоковиќ и многу ме изненади што ја прифати мојата молба. Ми покажа неколку клучни работи и по некој трик како да играм полесно на Ролан Гарос. Му благодарам, тој е вистински спортсмен и тениска легенда“, изјави Кирстеа.
И веднаш на стартот на гренслемот во Париз, Сорана успеа да победи и тоа лесно со 6:3, 6:3 против Германката Татјана Марија.
Во второто коло 32-годишната Романка, која е 26-та носителка на Ролан Гарос ќе игра против Американката Слоун Стивенс.