Фудбалерите на Црвена звезда по петти пат едноподруго е шампион на Србија. Некогашниот европски првак во последното коло го победија Вождовац со 3:1 и со тоа дојдоа до 100-от бод во Супер лигата.
Александар Катаи (40′), Мирко Иваниќ (50′), и голманот Милан Борјан кој што погоди од пенал во 90-та минута за конечен триумф.
Партизан, пак на крајот финишираше со 98 бода откако оствари „пирова“ победа над Раднички Ниш со 2:0.
За Црвена звезда ова е 33-та титула во клупската историја.