СЕНЗАЦИЈА: Мбапе му лапнал аванс на Реал Мадрид од 40 милиони евра уште во декември

Шпанскиот новинар Томас Гонзалес-Мартин објави сензационална информација со која тврди дека Килијан Мбапе добил аванс од Реал Мадрид од 40 милиони евра уште во декември лани, како гаранција дека ќе потпише договор со Кралскиот клуб.

Работата беше речиси готова и сите релевантни спортски медиуми објавуваа дека Мбапе ќе биде нов играч на Реал веќе од ова лето, но се случи голем пресврт и одличниот напаѓач го продолжи договорот со Пари Сен Жермен.

Мбапе потпиша договор со ПСЖ до 2025 година и веднаш по потписот добива 100 милиони евра, а годишната плата ќе му биде околу 60 милиони евра што се заедно е вистинско богатство.

Нејасно е каков е преддоговорот со Реал и ако Мбапе навистина добила аванс од 40 милиони евра од Кралскиот клуб, дали ќе ги врати парите, или тоа не е предвидено со тајниот дил на двете страни.

- Оглас -

Најнови вести