Со победата од 88:78 против Цедевита Олимпија, екипата на Црвена звезда се пласираше во финалето на АБА 1 лигата. Таму, закажа нова средба против вечниот ривал, Партизан.
„Црвено-белите“ предмалку го совладаа Словенечкиот претставник со 2:1 во полуфиналната серија и тоа пред своите навивачи, каде што ја имаа резултатската контрола во најголемиот дел од средбата.
Во салата „Александар Николиќ“, домашниот тим беше предводен од одличниот Никола Калиниќ кој што уфрли 15 поени и со тоа му овозможи на својот тим да го брани тронот во регионалното кошаркарско натпреварување.
Но, во финалето нема да биде лесно бидејќи Партизан е значајно засилен во оваа сезона каде што на клупата го имаат легендарниот Жељко Обрадовиќ.