Германската Бундеслига заврши со шампионска круна на Баерн Минхен, па сега е време за наградите.
Раководството на Бундеслигата ги објави и номинациите за гол на сезоната во најсилната германска лига.
Има многу фудбалски ремек-дела, посебно е волшебен голот на Герит Холтман од Бохум, кој во стилот на Лионел Меси со блескави дриблинзи ја мина целата одбрана на Мајнц и постигна велемајсторски погодок.
Во конкуренција е и неговиот соиграч Пантовиќ, потоа двапати Халанд, Нкунку, Гнабри и уште дузина бундеслигашки фудбалери што постигнуваа фантастични голови во сезоната 2021/22.