Црвена ѕвезда продолжува со својата икона – Дејан Станковиќ е човек за трофеи, го продолжи договорот до 2025 година (Фото)

Дејан Станковиќ го продолжи договорот со српскиот шампион Црвена Ѕвезда до 2025 година, објавија српските медиуми.

Популарниот Деки ќе продолжи да го предводи гигантот и поранешен светски првак, а ќе се обиде да ја продолжи трофејната низа.

Со него на клупата „црвено-белите“ од Белград ги освоија последните три шампионски круни во Линг-лонг лигата во Србија, а лани беа победници и во националниот куп.

https://twitter.com/crvenazvezdafk/status/1529417588933120005?s=20&t=ibxOG7LcStelBtTeH9D0Iw

Станковиќ беше и играч на Црвена Ѕвезда во периодот од 1995 до 1998 година, а потоа се пресели на Чизмата и играше за Лацио и Интер, три клуба што му се единствени за кои настапувал во играчката кариера.

Црвена Ѕвезда го ангажираше за тренер во 2019 година и засега тоа му е единственото искуство, а му оди одлично со веќе четири пехари и настап на Црвена Ѕвезда во Лигата на шампионите и во Европа Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести