Александар Чеферин одговори на притисоците на Реал Мадрид да се пшочитува финансискиот фер-плеј во случајот на Килијан Мбапе, кој потпиша нов договор со ПСЖ за кој веднаш при потписот доби над 100 милиомни евра, а ќе има и годишна плата од 60 милиони евра во следните три години, според договорот до 2025 година.
„Ние строго го почитуваме финансискиот фер-плеј. Кој не го почитува нема да игра во еврпските купови и натпреварувања што ги организира УЕФА. И колку што знам понудата на Реал Мадрид за Мбапе беше слична на таа на Пари Сен Жермен. И сигурно нема да дозволиме Реал Мадрид, или било кој друг клуб да ни кажува што да правиме и како да постапуваме“, изјаво првиот човек на УЕФА.
Претходно и претседателот на шпанската Ла Лига го нарече договорот на ПСЖ со Мбапе „навреда за фудалот“, посочувајќи дека парите што се вртат за договорот меѓу Килијан и клубот од Париз далеку го надминуваат финансискиот фер-плеј што е во правилникот на УЕФА.