Младиот Карлос Алкараз со 3-2 во сетови ја доби феноменалната битка со искусниот Алберт Рамос-Винолас во шпанската пресметка од второто коло на „Ролан Гарос“.
Еден од главните фаворити на парискиот грен-слем беше на прагот на пораз, спаси и меч топка, и сепак успеа да победи.
Алкараз во Мадрид ги победи Надал и Ѓоковиќ, најави дека е одличен на земјена подлога, но во Париз денеска иако не му беше денот, не беше елиминиран.
Алкараз одлично го почна мечот против Рамос Винолас и првиот сет го доби со убедливи 6-1. Но, потоа се случи неочекуван пад во неговата игра, следуваа два сета кои Рамос Винолас ги доби со 7-5 и 7-6. Во четвртиот сет при 4-5 во гејмови и сервис на противникот, Алкараз спаси една меч топка и го доби сетот во тај-брејк.
Во петтиот сет, Рамос Винолас водеше со 3-0, но Алкараз не се предаде и со четири гејмови по ред направи пресврт, и успеа да го добие сетот со 6-4. Следен противник на Алкараз ќе биде Корда или Гаске.