Александер Арнолд како робот, тренираше „накитен“ со сензор за мозок (Фото)

Екипата на Ливерпул се подготвува за саботното финале од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а интересен детал на денешниот тренинг го предизвика вниманието на јавноста.

Бекот Трент Александер-Арнолд тренираше со сензор за мозок. Околу половината имаше врзано торбичка, а на главата му беа закачени жици и сензори.

Тренерот Јирген Клоп на ваков начин со помош на технологијата сака да им помогне на своите играчи уште подобро да го разберат своето тело и да се подобрат на теренот, особено во делот на прекините.

Со прикачување на електроди на главата, може да се измери состојбата на мозокот и за време и по тренингот се анализираат податоците и клубот добива повратни информации.

Електродите се чувствителни, и затоа можат да се користат само кога играчите се мирни почетокот на движењето. Значи, Реал Мадрид треба многу да внимава при прекините на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести