По кратка постапка: Македонија со 3-0 ја надигра Босна и Херцеговина

Македонската одбојкарска репрезентација во победа од 3-0 во сетови, ја почна новата сезона во Европската Сребрена лига. По сетови, резултатот беше 25-16, 25-17, 25-23, и тоа покажува дека немаше неизвесност во „Борис Трајковски“.

Реновираната македонска селекција која има нов селектор, а фалат тројца стандардни играчи кои со години го носеа црвено-жолтиот дрес, ја оправда фаворитската улога и најави дека е решена да оди на завршниот турнир, за што ќе треба да се освои прво или второ место во групата во која се и Романија и Албанија.

Сега за три дена на нашите одбојкари им следува гостување кај опасната Романија, која во првото коло ја победи Албанија со 3-1.

- Оглас -

Најнови вести