Пакета е најскапиот „пакет“ кој ќе си го подари Њукасл за следната сезона

Бразилскиот офанзивец Лукас Пакета, ќе биде нов играч на Њукасл, а клубот за него планира да плати 50 милиони фунти, со што Пакета кој игра за Лион, би станал најскапиот фудбалер во клупската историја на Чавките.

Њукасл има големи амбиции откако саудиските газди најавија огромни вложувања во тимот, а ако го купат 24-годишниот Пакета, тоа би било големо засилување, но и најскапо од сите досегашни.

Пакета има договор со Лион до 2025 година. Во францускиот тим дојде од Милан за 20 милиони, што е за 18 милиони помалку од сумата која Росонерите му ја платија на Фламенго.

- Оглас -

Најнови вести