Најскапото засилување на Барселона си заминува за беспари а сето тоа го откри еден оглас (ФОТО)

Осман Дембеле иако сè уште официјално не е потврдено, ќе си замине од редовите на Барселона по крајот на јуни.

Најскапото засилување во историјата на Каталонците кое што дојде за 145 милиони евра од Борусија Дортмунд, нема да ја продолжи соработката со клубот и ќе чека да му истече договорот за да си бара нов ангажман.

Иако сето тоа не е официјално потврдено, се откри преку оглас, на кој што се гледа дека се издава вилата во која што тој престојуваше. Цената за да се користи еден месец изнесува високи 18 илјади евра.

Дембеле за Барса одигра 150 натпревари и постигна 32 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести