Како што се ближи финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, така навивачите на двата клуба се со желба да дојдат до некоја од последните карти.
Покрај тоа што цените за истите растат со неверојатна брзина, така се зголемува и можноста да се направи превара, па да се продаде лажен билет за огромна сума на пари.
Тоа им успеало на двајца Французи кои што на 19 навивачи на Ливерпул им продале карти во вкупна вредност од 19 илјади евра. За подоцна, сајтот од каде што го земале, да исчезне, иако тие на меил си ги добиле картите со своето име и презиме.
Сепак, кога провериле на официјалниот сајт на УЕФА, се испоставило дека билетите се лажни, а пријавиле и во локалната полиција на Париз, која што објави дека зад позади сајтот стојат двајца Французи по кои се трага.