Едуардо Камавинга е еден од најдобрите играчи во Реал Мадрид сезонава. Младиот Французин имаше блескава прва натпреварувачка година за кралскиот клуб, а тој ја искористи можноста да каже за неговото турбулентно детство.
„Избегав како мал од Ангола со моето семејство во тек на голема војна. Дојдовме како бегалци во Франција која што не прими со отворени раце и навистина ни помогна, иако ни тука не беше тешко.
Успеав да стигнам до моето прво финале од Лигата на шампионите. Се надевам дека бегалците ќе се гордеат со мене и сакам само да им кажам дека никогаш не треба да се откажуваат, иако пред себе знам дека гледаат само ‘црнило’“ изјави Камавинга.
Тој минатото лето дојде од екипата на Рен за сума од 30 милиони евра.