Одбојкарите го имаат најтешкото гостување, но не ги отпишувајте Спартанците

Гостувањето кај Романија од 13 часот ќе биде вистински показател за можностите на македонските одбојкари и ќе се види какви се шансите за прво место во групата А од Европската сребрена лига.

Селекцијата е подмладена, но иако им се препушта фаворитската улога на Романците, не сме без шанси.

„Добро ги познавам сите романски репрезентативци. Треба да го запреме коректорот Матеј, како и офанзивниот примач Ачобаницеи. Ако го одржиме нашиот прием стабилен, мислам дека ќе можеме да играме рамноправно со нив“ – изјави Филип Деспотовски, кој осум сезони играше во романското првенство, од кои три токму во Галаци и денеска ќе биде како на свој терен.

- Оглас -

Најнови вести