Маркез ќе го пропушти остатокот сезоната ама може да биде среќен што остана жив (ВИДЕО)

Марк Маркез може да биде навистина среќен што остана жив на Мото ГП квалификациите во Муџело.

Шпанскиот мотоциклист имаше пад, но само додека се лизгаше по асфалтот, за само неколку сантиметри не беше удрен од неговиот мотор кој што неконтролирано се вртеше.

Квалификациите беа продолжени откако беше ставено црвено знаме на патеката. Според првичните информации, тој ќе мора да прави операција на десната рака, поради што ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Од пол-позицијата ќе стартува италијанскиот мотоциклист Фабио ди Џјанантонио од Гресини рејсинг, додека интересно е тоа што зад него исто така ќе бидат двајца домашни возачи, Марко Беѕекини и Лука Марини од ВР 46 тимот.

- Оглас -

Најнови вести