Го нарекуваат Рожерио Сени од Карпатите, даде гол од слободен удар за „Пушкаш“ (Видео)

Голманот на романскиот третоллигаш Брашов, Богдан Каука постигна еврогол од слободен удар што слободно може да конкурира за наградата „Пушкаш“ што се доделува за најубавиот гол во годината.

https://twitter.com/AlexScoutRo/status/1530583612957110273?s=20&t=r4a_bp-DuVTyrZOmp4fMnA

Каука го нарекуваа Рожерио Сени од Карпатите, по легендарниот бразилски голманкој даваше прекрасни голови од слободен удар и има неверојатна бројка од 113 постигнати погодоци, дел од пенал и дел од слободни удари.

Каука ист така честопати изведува слободни удари, а денешниот за 2:0 против Херманштат 2 му донесе и опстанок на Брашов.

 

- Оглас -

Најнови вести